Младиот талентиран македонски стратег Алексо Лембанов во новата сезона ќе има нов предизвик како помошен терен во македонскиот ракометен шампион Пелистер каде ќе работи заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески.
Дваесетишестгодишникот на почетокот на својата тренеска кариера беше и прв тренер на Прокет, а има и интернационално искуство како дел од стручниот штаб на саудискиот клуб Ал Сафа.
„Во остварување на нашите цели потребен ни е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари. Затоа секојдневно напорно работиме за да се екипираме, како би ги оствариле зацртаните цели. Во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер приклучивме ново име“, стои во дел од објавата на битолскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА