Мудар план на Симеоне: Со еден трансфер се решава од незадоволен напаѓач и го носи Алварез

Хулијан Алварез изрази незадоволство во мрачната Англија и посака трансфер на „посветла“ дестинација. Оваа желба на Аргентинецот неговиот клуб Манчестер Сити сака да ја исполни, но не по секоја цена туку само доколку се појави прифатлива понуда за трансфер околку 90 милиони евра.

Засега за услугите на светскиот шампион од 2022 година најголема желба изразија Атлетико Мадрид и ПСЖ, а се чини дека Диего Симеоне ќе се обиде на секој начин да го доведе сонардоникот на „Ванда Метрополитано“.

Сумата од 90 милиони евра која ја бараат „граѓаните“ е превисока за Атлетико Мадрид, но клубот има мудар план да се ослободи од незадоволен играч и да доведе блескава замена.

Имено, во преговорите помеѓу шпанскиот и англискиот тим вклучен е и Жоао Феликс, некогаш големото засилување на „јорганџиите“ кое не ги исполни очекувањата. Феликс е во „војна“ во Атлетико Мадрид па последните сезони е постојано на позајмици. Една од нив беше и во Челси па овој фудбалер е добро привикнат на мрачната Англија.

Се вчитува...