Мамардашвили дочека понуда од Премиерлигата

Грузискиот голман од редовите на Валенсија, Гиорги Мамардашвили по фантастичната сезона на клупско и репрезентативно ниво се очекува ова лето да ја промени средината. За негов ангажман интерес покажаа неколку клубови од Саудиска Арабија, но примамливите понуди беа експресно одбиени од страна на 23-годишникот.

Тој посакува трансфер само во најелитното фудбалско натпреварување на „Островот“, англиската Премиерлига, а оваа желба најверојатно ќе му биде остварена откако желба за негов трансфер покажа Ливерпул.

По превземањето на „црвните“ од страна на Арни Слот се очекува нов ера на „Енфилд“, а холандскиот стартег посакува и промена на голманската позиција. Токму Мамардашвили е еден од оние кои се наоѓаат високо на списокот на трансфер желби на Слот па наскоро се очекува и првата официјална понуда од 30 милиони евра.

Разврската за трансфер на Мамардашвили ја очекува и македонскиот голман Столе Димитриевски кој по пет години поминати во Рајо Валекано ја промени средината и потпиша договор со Валенсија.

Се вчитува...