Фудбалерите на Франција успеаја да изборат финале на Олимписките игри откако во Лион вечерва потешко од очекувањата го совладаа Египет во полуфиналето со 3-1. Египќаните беа на праг да приредат уште едно изненадување, но не успеаја.
Египет со голот на Сабер дојде до предност во 62. минута. Французите напаѓаа и дури во 83. минута успеаја да израмнат и така да се спасат од елиминација.
Следуваа продолженијата, во кои Франција влезе со огромна предност поради тоа што Фајед од Египет доби црвен картон во втората минута од продолжението. Тоа го искористи Матета кој погоди во 99. минута и ги донесе Французите во водство.
Во 108. минута Олисе ги реши сите дилеми околу победникот, постигнувајќи гол за 3-1.
Во финалето Франција ќе игра против Шпанија, која претходно денеска го совлада Мароко со пресврт во финишот со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА