По голема драма, Холандија ја совлада Франција во олимпиското финале во три на три во кошарка за мажи со 18-17.
Тимовите приредија резултат „клацкалка“ достојна за битка за најсветлиот олимписки медал на плоштадот Конкорд. Холанѓаните едвај израмнија на 16-:16 неколку секунди пред последниот судиски свиреж по продорот на Ворти Де Јонг.
Французите веднаш поведоа со 17-16 во продолженијата. Сепак, Де Јонг, погоди за двојка во вториот напад од продолжението и ги разочара бучните домашни навивачи.
Team Netherlands 🇳🇱: Jan Driessen, Arvin Slagter, Worthy de Jong, Dimeo van der Horst pokonują po dogrywce 18:17 Team France🇫🇷: Lucas Dussoulier, Jules Rambaut, Franck Seguela, Timothé Vergiat #Paris2024 i zdobywają 🥇medal #3×3 srebrny🥈 medal dla Francuzów #3x3Basketball pic.twitter.com/f2z5EfxbpS
— Andrzej Jankowski (@bArJanek) August 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА