Бронзената хрватска атлетичарка: Па луѓе дали сте вие нормални!

Хрватската атлетичарка Сандра Елкашевиќ, поранешно Перковиќ, ги замолкна критичарите откако го освои бронзениот медал на Игрите во Париз.

Таа го фрли дискот 67,51 метар, исто како и сребрената Бин Фенг, но Кинезинката имаше подобро второ фрлање па затоа на крајот заврши како втора.

По златото во Лондон и Рио, Елкашевиќ ја освои и бронзата на Олимписките игри.

„Ме отпишуваат од 2016 година. Јас сум во најдобрите години, изгледам најдобро на теренот, па дали вие сте нормални луѓе? Првото фрлање беше доволно добро за да влезам во Топ 8, потоа фрлив и за медал, а сигурна сум дека можев да освојам барем сребро“, изјави Елкашевиќ. 

Се вчитува...