Кенијката која доби дисквалификација, си го доби среброто назад

Женската трка на 5.000 метри својот епилог го имаше најпрвин на стадионот, но и двапати на зелената маса.
Она што никогаш не беше доведено во прашање е дека Беатрис Чебет од Кенија беше олимписка шампионка. Втора целта ја мина нејзината сонародничка Фејт Кипјегон, а трета заврши Сифан Хасан од Холандија.

Сепак, имаше поплака од Етиопија дека Кипјегон незаконски ја турната нивната атлетичарка Чегај. Жалбата беше прифатена, а Кипјегон беше дисквалификувана. Второто место отиде кај Хасан, додека на третото се најде Италијанката, Батоклети.

На ова следеше апел на Кенијците, кои побараа да и се врати медалот на Кипјегон, бидејќи сметаат дека тоа што се случи на патеката е вообичаен инцидент. По извесно време, нивната жалба беше прифатена и се беше вратено на почеток.

Златен медал за Чебет, сребро Кипјегон и бронза за Сифан Хасан.

Се вчитува...