Кошаркарската репрезентација на Германија е првиот полуфиналист на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако во првото четвртфинале славеше над Грција со 76-63.
Репрезентативците на Грција одлично го отворија натпреварот, посебно во играта во одбрана каде на противникот му дозволија само единаесет поени, па по десет минути играа имаа предност од 11-21.
На ист начин актуелниот светски првак возврати во втората четвртина која ја доби со десет поени разлика, па на пауза се замина со егал 36-36.
Tретата четвртина беше првата во мечот во која двата тимаа играа во егал, се до последните две минути кога со серија од 7-0 Германците по три четвртини стигнаа до предност од 59-52. Во последниот период Германците го исконтролираа мечот за конечен триумф од 76-63. Франц Вагнер со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 22 поени на Јанис Адетокумбо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА