По 38 години Мирчеа Луческу повторно стана селектор на Романија, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Романија.
Овој 79-годишен стручњак на оваа функција го наследи Едвард Јорданеску, а со тамошните челници потпиша договор до крајот на Светското првенство во 2026 година.
Во неговиот претходен мандат, Луческу ја водеше Романија од 1981 до 1986 година и успеа да го одведе националниот тим до пласман на Европското првенство во Франција во 1984 година.
Луческу во својата богата кариера беше селектор на Турција, а меѓу другите клубови ги водеше и Интер, Динамо Киев, Шахтјор од Доњецк, Бешикташ, Зенит…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА