Крај на дилемите: Нико ја одби Барселона, останува во Атлетик Билбао

Нико Вилијамс уште еднаш ја потврди неверојатната лојалност што со години владее меѓу фудбалерите на Атлетик Билбао, откако крилниот офанзивец одби неколку богати понуди за да остане во клубот од Баскија и во следната сезона.

Вилијамс го привлече вниманието со извонредните игри за Шпанија на ЕВРО 2024, откако успеа да постигне и гол во големото финале на патот до трофејот. ПСЖ нудеше најмногу пари на фудбалерот, Барса притискаше со сите сили да го обезбеди неговиот потпис, а со оглед на клаузулата од 58 милиони евраво неговиот договор со Атлетик јасно беше дека конечната одлука ќе ја има самиот Нико.

Младата суперѕвезда на крајот сепак реши да ги одбие сите понуди, па денеска се појави на подготовките на Атлетик.

„Се вратив и едвај чекам да ја почнеме новата сезона. Напред Атлетик“, порача Нико Вилијамс за клупските страници на социјалните мрежи, предизвикувајќи еуфорија меѓу фановите на клубот од Билбао.

Барселона сега ќе се фокусира што поскоро да го осигура потписот на Дани Олмо од Лајпциг, а потоа каталонците ќе се насочат и кон ново лево крило, со Луис Дијаз од Ливерпул на врвот на нивата листа со желби.

Се вчитува...