Србија имаше негатива од 20-44 по петнаесетина минути игра кога Светислав Пешиќ ги загуби нервите, побара тајмаут, па потоа жестоко ги нападна своите кошаркари поради незалагањето во фаза на одбраната.
„Пет пати проаѓа и ниеден фаул не направивте. Колку пенали шутираше Милс? Две фрлања од 20 поени, а вие само го гледате… Дваесет поени ви дава, ниеден фаул не му правиме… Сакаме да победиме, на кој начин? Удрите малку, направи фаул, направи пет пенали“, ги критикуваше Пешиќ српските репрезентативци.
Ова беше моментот на будење, бидејќи по тајмаутот Србија уште до крајот на полувремето ја преполови негативата на 12 поени, а на крајот во драматичен финиш по продолжение од пет минути стигна до голема победа и пласман во полуфиналето.
Svetislav Kari Pešić urla na igrače pic.twitter.com/fUrp2D6iEV
— dedalaki (@dedalaki1) August 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА