Пролет со две засилувања пред почетокот на новата сезона (фото)

Екипата на Пролет успеа да доведе две нови засилувања пред стартот на подготовките за новата сезона, потпишувајќи договори со Мице Шилегов и со Андреј Глигоров, тандемот што пристигнува од редовите на Голден Арт.

Шилегов настапува како десно крило, поранешниот младински репрезентативец на Македонија има богато искуство од настапи на домашната сцена, каде ги бранеше боите на Металург, Охрид и Голден Арт, од каде се приклучува на тимот на Пролет.

Заедно со Шилегов од редовите на Голден Арт пристигнува и Андреј Глигоров, 20-годишен пивот кој важи и за специјалист во играта во одбрана.  Двајцата нови ракометари се појавија на стартот на подготовките за новата сезона и се очекува да имаат значајна улога во тимот предводен од Александар Јовиќ во новата сезона.

Се вчитува...