Пролет ги почна подготовките за новата сезона

Шефот на стручниот штаб Александар Јовиќ ја одржа првата прозивка, со која беше означен и стартот на подготовките на РК  Пролет за новата натпреварувачка сезона. На првиот тренинг беа присутни и четирите засилувања: Стојчевиќ, Даскалоски, Шилегов и Глигоров, од кои се очекува да дадат значаен придонес за остварување на зацртаните цели во новата суперлигашка сезона.

Предвидено е подготовките да се одвиваат во Скопје, под водство на тренерот Јовиќ и неговиот стручен штаб ќе се работи по два пати дневно, а ќе следат и пријателски средби со кои ќе се темпира формата за стартот на сезоната закажан за почетокот на септември. Досега се договорени и пријателски натпревари со Вардар и со Алкалоид, а во наредниот период се очекува да бидат договорени уште неколку контролни средби.

Воедно, тренериот на првиот тим Александар Јовиќ ќе го преземе и раководењето на кадетската екипа, која ќе се натпреварува и во кадетскиот и во младинскиот шампионат на Македонија во наредната сезона. Клупската легенда Илија Темелковски во иднина ќе ја извршува функцијата координатор во младинската школа на РК Тинекс Пролет.

Се вчитува...