Селекцијата на Франција е третиот полуфиналист на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Париз, откако вечерва ја совладаа Канада со 82-73. Со тоа домаќинот ќе има можност да се бори за еден од медалите на турнирот. Французите во полуфиналето ја очекува дуел со Германија, која претходно ја елиминираше Грција.
Франција предводена од Јабуселе и Кординие, во текот на целиот меч беше во предност. Уште првата четвртина ја доби со 23-10, и беше јасно дека ќе сака да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири. Канаѓаните најмногу се доближија до -5, но не успеаја да направат пресврт и да дојдат до сензација.
Јабуселе со 22 и Кординие со 20 поени беа најефикасни кај Французите. Најефикасниот кошаркар на средбата дојде од редовите на Канада. Станува збор за Гилжес-Александер кој уфрли 27 поени, но не можеше сам да им парира на расположените Французи, кои ја имаа и поддршката од својата публика.
Покрај Германија, претходно пласман во полуфинале обезбеди и селекцијата на Србија, која ја елиминираше Австралија во продолженијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА