Без изненадување и без драма во последниот меч од кошаркарскиот квалификациски турнир. Кошаркарите на САД лесно ги совладаа Бразилците со 122-87, и уште ја потврдија својата фаворитска улога на ЛОИ во Париз. На патот кон финалето сега за САД стои одново Србија, која ја победија во првото коло на ЛОИ.
Уште по првата четвртина беше познато кој беше кој на дуелот. САД се стекнаа со предност, која ја одржуваа до крајот на мечот, со мал исклучок во третата четвртина која ја доби Бразил, но недоволно да се направи сензација.
Кабокио не можеше да игра сам за Бразил, и постигна 30 поени. Кај САД имаше многу стрелци, а најефикасен беше Букер со 18 поени. Сепак, треба да се има во предвид дека селекторот Стив Кир и ги ротираше своите кошаркари, за да ги заштеди за дуелот со Србија во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА