Трапановски во тимот на колото во Шкотска

После одличниот настап во првото коло од шкотскиот шампионат, македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски се најде во тимот на колото во Шкотска.

Данди Јунајтед одигра нерешено против Данди 2-2, а Трапановски уште во 12. минута погоди за Јунајтед, на своето официјално деби за екипата. Тоа беше доволно да се најде во тимот на колото.

Трапановски својата добра форма ја најави уште во подготвителниот период, кога постигнуваше голови за својата нова екипа, исто како и Давид Бабунски.

Се вчитува...