Џошуа Чиптегеи од Уганда, актуелен олимписки шампион на 10.000 метри, се повлече од трката на 5.000 метри, и со тоа пропушти можност да земе уште злато на ЛОИ во Париз.
Чептегеи нема да го брани златото освоено во Пекинг.
„ Толку сум горд што го освоив олимпиското злато на 10.000 метри. Толку сум горд на Уганда. По светска јуниорска титула на 10.000 метри, трикратна светска титула на 10.000 метри, светски рекорд на 10.000 метри, овој олимписки рекорд златен медал ја комплетира мојата колекција. По разговорот со мојот тим, решивме дека е најдобро да не се натпреваруваме на 5.000 метри Ви благодарам на сите за поддршката и ќе се видиме наскоро! – напиша спортистот на социјалните мрежи.
Трката на 5.000 метри ќе се одржи на 10 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА