Кер стравува од Србите: Ги победивме два пати, но сега знаат како играме

Кошаркарската репрезентација на Соединетите американски држави ја потврди фаворитската улога и во четвртфинаниот натпревар против Бразил на Летните олимписки игри во Париз забележувајќи преубедлив триумф од 122-87.

Со тоа НБА ѕвездите закажаа нов дуел против Србија за која селекторот Стив Кер верува дека ќе биде различен од претходните два кои овие тимови ги одиграа во подготовките и групната фаза во Париз.

„Мислам дека ќе го одиграат својот најдобар натпревар против нас. Победивме два пати против нив, но докажаа дека се еден од најдобрите тимови на светот. Сега знаат и како играме па знам и дека ќе имаат одговор за нас. Ние мораме да продолжиме со нашата игра, мора да се браниме на високо ниво. Тоа е тоа што ни е потребно во овие ФИБА натпреварувања – добра одбрана и скок игра за да не дозволуваме повеќе поседи за противникот“, изјави Кер.

Се вчитува...