Олимписки дебакл: Французите вложија 1,4 милијарди евра, но тријатлонот повторно мораше да биде одложен

Олимписките игри во Париз се спектакуларни од многу аспекти, но за жал не и кога станува збор за тријатлноската трка. Причината е добро позната – загадувањето на реката Сена кое предизвикува огромен проблем за организаторите.

По неколку одлагања беше одржана поединечната трка по која состојбата стана уште поалармантна откако Белгијката Клер Мишел заврши во болница поради бактерии, а слични симптоми како Мишел појавија и Швајцарецот Адриен Брифор и уште неколку тријатлонци.

Водата секојдневно се испитува, но високото ниво на загадување придонесе денеска повторно да биде откажан тренингот пред тимската трка, за која е неизвено и дали воопшто ќе се одржи.

Француските власти во изминатите години потрошија 1,4 милијарди евра на унапредување на канализацискиот систем на метрополата, ветувајќи дека реката ќе биде доволно чиста за жителите на Париз да можат и да се бањаат во Сена до наредното лето. Дури бевме сведоци и како Градоналничката на Париз влезе да се избања во Сена на неколку дена пред почетокот на ОИ за да ги увери спортистите дека реката е безбедна, но реалноста дефинитивно е сосема спротивна.

И за тријатлонците, наместо ОИ во Париз да бидат остварување на сонот – се претворија во вистински кошмар.

Се вчитува...