Јована Петрушевска, засилување за Бадел

Најтрофејниот македонски клуб во женска кошарка, тимот на Бадел излезе како победник од трката по Јована Петрушевска, која денеска потпиша договор со „баделки“.

Станува збор за 24-годишна кошаркарка која последните сезони ги мина во шампионатот на Грција, а по одлуката за враќање во Македонија доби понуда од неколку екипи со високи амбиции за наредната сезона. Петрушевска на крајот ја прифати понудата на Бадел, со јасна желба со новиот клуб да се бори за највисок пласман.

„Се надевам на одлична соработка, добра атмосфера и достигнување на крајната цел – титула. Му благодарам на стручниот штаб на ЖКК Бадел за довербата, со нетрпение ги очекувам љубителите на кошарката во огромен број на трибините за поддршка на баделки. Ајде Бадел“, изјави Јована Петрушевска по потписот на договорот.

Се вчитува...