Премиерот на Романија ќе ги бојкотира ЛОИ во Париз

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека ќе ја бојкотира церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз поради „скандалозната ситуација“ што ја чинеше романската гимнастичарка бронзен медал на партер.

Ана Барбосо го прославуваше бронзениот медал, кога тренерите на САД го обжалија резултатот од настапот на Џордан Чилс.

Судиите ја променија одлуката и го подобрија резултатот на Американката за 0,1, што беше доволно за да скокне од петтото на третото место наместо Ана Барбоса.

„Одлучив да не присуствувам на затворањето на Олимписките игри во Париз поради скандалозната ситуација во гимнастиката, каде нашите спортистки беа третирани на апсолутно нечесен начин. Да се ​​одземе медал заработен со чесна работа врз основа на жалба… е целосно неприфатливо“, порача премиерот на Романија. 

Тој вети дека Романија ќе ги третира Барбоса и петтопласираната Сабрина Манека-Војнеа како медалистки во однос на наградите.

Се вчитува...