Финскиот кошаркар Лаури Марканен (27) се договори за нов, четиригодишен договор со Јута Џез, кој ќе го направи еден од најплатените кошаркари во најсилната лига.
Марканен според новиот договор ќе добие 238 милиони долари во следните пет сезони од Џезерите. Финскиот кошаркар имаше уште една година од стариот договор, според кој добиваше 18 милиони по сезона.
Одличниот кошаркар максимално го искористи тоа што Јута создаде дополнителен простор во својот „селари кеп“ и секако најважна работа за организацијата беше продолжување на соработката со најдобриот играч на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА