Германскиот гигант Баерн Минхен направи список на играчи кои планира да ги продаде ова лето.
Очигледно четворицата одлични играчи не се во плановите на новиот тренер Винсент Компани и клубот ќе се обиде да заработи на нив летово.
Угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг наведува дека се работи за двајца поранешни фудбалери на Ајакс, холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт и Мароканецот Нусаир Мазрауи, шпанскиот интернационалец Брајан Сарагоса и францускиот ас Кингсли Коман.
Минатата сезона, за прв пат по 11 последователни титули, Баерн го зазеде само второто место во Бундеслигата зад Баер Леверкузен.
Новата сезона во германскиот шампионат започнува на 23 август, а два дена подоцна Баерн ќе игра на гости кај Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА