Хрватска го освои шестиот медал на Олимписките игри во Париз, откако со бронза во таеквондо се закити Лена Стојковиќ.
Во борбата за бронза во категоријата до 49 килограми, девојката од Сплит во две рунди ја победи Мерве Динчел Кавурат од Турција.
На патот до медалот, Стојковиќ беше подобра од Јосипа Кафадар од Канада (2-0) и Тунижката Икрам Дахри (2-1), за во полуфиналето да биде запрена од Тајланѓанката Панипак Вонгпатанакит која подоцна го освои златото.
Дека овој успех не дојде случајно најдобро говори фактот што Лена е веќе трикратна европска и двократна светска шампионка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА