Таеквондото продолжува да испишува нови страници во историјата на македонскиот олимпизам откако Милјана Релјиќ успеа да ја мине првата пречка на ОИ во Париз. Предизвикот беше огромен, 21-годишната Мила за противничка ја имаше двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, но нашата репрезентативка по огромна битка успеа да стигне до следната рунда.
Рељиќ извонредно се бореше во првата рунда, кога во неизвесна борба по негатива од 4-5 имаше удар во главата на Џонс, за три поени и конечна победа од 7-6.
Во втората рунда повторно имаше израмнета борба, во која Британката минимално тримфираше со 4-5. Третата борба мина во тактичко надмудрување, заврши со израмнети 1-1 со по еден поен за судиска опомена за двете таеквондистки, но Рељиќ поради поголем број на удари стигна до историската победа.
Секоја чест за Мила Рељиќ, која пред ОИ најави дека ќе атакува на медал, а со оваа извонредна партија само зборовите ги претвори во дела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА