Мила Рељиќ оствари фантастичен резултат со пласманот во четвртфиналето на Олимписките Игри во Париз откако македонската репрезентативка во фантастична борба ја совлада Џејд Џонс од Велика Британија.
Рељиќ нема многу време за славје бидејќи за околу три часа ја очекува нова битка во Париз, овојпат во четвртфиналето во која за противничка ќе ја има Латеција Аун од Либан. Таа во првата борба славеше со 2-0 над Чиа Линг од Тајван (4-2, 3-2 по рунди), за пласман во четвртфиналето.
Аун важи за 11. носителка на турнирот (Рељиќ е 14. рангирана), а фактот дека веќе ја совлада третата носителка Џонс дава оптимизам дека Македонката може да слави и во ова четвртфинале и да се вмеша во борбата за медали.
Борбата меѓу Рељиќ и Аун на програмата е од 15.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА