Бојан Миовски ќе има нов клуб, откако шпанска Џирона постигна договор со Абердин околу висината на отштетата за македонскиот репрезентативен голгетер.
Нашиот ас беше на листата со желби на бројни клубови од Топ 5 лигите во Европа, но челниците на Џирона беа најконкретни во преговорите. Неколку дена откако го продадоа својот најдобар стрелец Артем Довбик во Рома, раководството на шпанскиот клуб се договори со Абердин околу висината на отштетата, што засега не се објавува во јавноста.
Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ објави дека сите детали се договорени и Миовски ќе биде новата „деветка“ на Џирона, тим што во следната сезона ќе биде дел и од Лигата на шампионите откако лани беше најпријатно изненадување во шпанската Ла Лига.
Како што јавува „Ел Мундо“, сите страни веќе дале зелено светло за што побрза реализација на транферот, а Миовски без размислување прифатил да биде дел од новиот проект на тренерот Мичел и да настапува за Џирона, а трансферот ќе биде целосно комплетиран до крајот на оваа седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА