Американскиот кошаркар со НБА искуство Трент Форест стана нов играч на Басконија, соопшти клубот од Виторија.
Форест со шпанскиот тим потпиша двегодишен договор. Американецот претходните две сезони беше член на Атланта, а пред тоа настапуваше за Јута.
Минатата сезона одигра 38 натпревари за Атланта во НБА лигата, а имаше просек од 2,2 поени и 1,3 скока и 2,4 асистенции по натпревар.
Форест е четвртото засилување на Басконија во преодниот рок. Досега договори со клубот од Виторија потпишаа Донта Хол, Камар Болдвин и Тимоти Лваву-Кабаро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА