Кошаркарските репрезентации на Србија и Соединетите американски држави денеска од 21 часот ќе си ги одмерат силите во полуфиналето на Летните олимписки игри во Париз. Пред средбата двата селектори се соочуваат со проблем со повреди, Пешиќ го мачат Никола Јовиќ и Вања Маринковиќ, додека Кер има проблем со Џоел Ембид.
Центарот на Филаделфија одигра одличен четвртфинален натпревар против Бразил, но заработи повреда на дланката, повреда поради која постои можност да го пропушти и денешниот дуел против Србија.
Интересно, тоа не е прв пат Ембид да пријави повреда пред дуел против Јокиќ по што на социјалните мрежи веќе започнаа шеги дека родениот Камерунец одново ја избегнува меѓусебната средба против еден од најдобрите центри на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

