Португалскиот стопер Пепе, и официјално стави крај на својата кариера. Поранешниот играч на Реал Мадрид и Порто се одлучи да се откаже од фудбалот на 41 годишна возраст.
Пепе е роден во Бразил, но на 18-годишна возраст заминува во Португалија, каде што најпрво игра во Маритимо, па во Порто. Во 2007 година прави трансфер во Реал Мадрид, и тогаш го менува државјанството, и настапува за слеекцијата на Португалија.
За националниот тим одигра 141 натпревар и постигна осум голови. Неговиот последен настап беше на ЕВРО 2024 година, каде што со Португалија стигна до 1/4 финалето и беше елиминирана од Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА