Баер Леверкузен го загуби трпението околу неизвесноста на дефанзивецот Џонатан Та, и му постави ултиматум на Баерн Минхен, кој е заинтересиран за неговите услуги.
Интересот на Баварците за германскиот интернационалец на „аспирините“ не е тајна, бидејќи понудите за него се веќе одбиени. Сепак, Леверкузен веќе притиска за конечна одлука од Баерн до викендот бидејќи сака да има јасност со својот тим пред почетокот на сезоната.
Шампионот бара 30 милиони евра за Та, додека Баерн досега понуди максимални 25 милиони Леверкузен не сака да прифати помала сума за својот дефанзивец, а доколку нема подобрена понуда, тој ќе остане и ќе влезе во последната година од неговиот договор, кој истекува на крајот на јуни 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА