Тренерот Џенан Ушчуплиќ загинал денеска на 48-годишна возраст како последица на удар од гром.
Во бурата која била пратена со грмотевици, животот го загубил екс тренерот на Сараево, додека бил на планинарење со друштво.
Ушчуплиќ бил фудбалер на Сараево, а после играчката кариера бил и тренер на оваа екипа. Работел во сите функции во „бордо“ клубот, каде бил до ноември 2023 година.
Со него соработуваа и Крсте Велкоски и Александар Васоски, кои се простија од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА