Неверојатно второ полуфинале на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Србија имаше финале во раце, цели 38 минути водеше, а потоа брзи поени на САД за пресврт и пласман во мечот за златото против Франција.
Во еден миг Србите имаа и 17 разлика предност, а пред последната четвртина имаа и 13 поени предност. Меѓутоа во последната „Дрим тимот“ се разбуди, односно се разбудија останатите играчи покрај Стеф Кари, кој ги држеше Американците во живот во првите три четвртини.
Првата четвртина ја добија Србите во шутерско шоу со 31-23. И втората ја добија со 23-20 за предност на полувремето. Дојдоа до предност и во третиот период, меѓутоа во четвртиот неверојатен пад, а сето тоа го искористија Леброн и другарите за да направат пресврт и да слават. На крајот последниот период го добија со 32-15.
Токму Кари беше најефикасен со 35 поени.
Србија во битка за бронзата ќе игра против Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА