Неверојатно второ полуфинале на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Србија имаше финале во раце, цели 38 минути водеше, а потоа брзи поени на САД за пресврт и пласман во мечот за златото против Франција.
Селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ беше разочаран по мечот…
„Нема да зборувам многу. Горд сум на тоа како одигравме, особено по натпреварот со Австралија каде дојдовме од минус 24 до победа. Не чинеше многу сила тој меч. Видовте ментална сила, ајде да дојдеме до една или две топки за да ја решиме победата. Секоја чест за Американците. Има едно правило што го користиме во Србија, а тоа е дека кој губи има право да се лути. Лут сум затоа што не добивме почит од судиите, не само на овој натпревар. Морам да го кажам тоа затоа што ако еден од најдобрите играчи во светот шутира само четири слободни фрлања за 37 минути. Чудни работи се случуваа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

