Роналдо: Пепе, брате мој ти благодарам за се!

Славниот Португалец, Кристијано Роналдо, со избрани зборови проговори за својот соиграч од репрезентацијата Пепе, кој на 41-годишна возраст најави крај на кариерата.

Пепе во четвртокот објави дека се повлекува од терените. Тој кариерата ја почна во Маритимо, а потоа играше за Порто, Реал Мадрид и Бешикташ, за на крајот да се врати во Порто каде ја заврши кариерата.

„Зборовите не се доволни за да се изрази колку ми значиш, пријателе. На теренот освоивме се, но најголемото достигнување е пријателството и почитта што ја имам кон тебе. Ти си единствен, брат мој. Ти благодариме за се“, напиша Кристијано Роналдо.

Се вчитува...