Репрезентативецот на САД Леброн Џејмс беше пресреќен по победата против Србија и пласманот во финалето на Олимписките игри.
Американците на крајот од мечот во Париз успеаја да направат целосен пресврт и во сабота ќе се борат против Франција за златниот медал.
„Знаевме дека ќе биде вистински предизвик. Знаевме дека ќе биде најтешкиот натпревар досега, но беше и повќе од тоа. Им кажав на моите соиграчи дека е добро да се тестирам. Одлично е да се тестираш. Ние сме на еден натпревар до нашата крајна цел. Така, со нетрпение го очекуваме натпреварот против Франција“, изјави Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

