Лазар Ѓукиќ, натпреварувач од Србија кој се натпреваруваше во кросфит натпревар на езерото Марин Крик во Тексас загина.
Спасувачките екипи го извлекле телото на едно лице од езерото во Форт Ворт, Тексас, каде што се одржуваат Кросфит Игрите, јавија локалните медиуми.
„Кросфит гејмс“ издадоа официјално соопштение во кое потврдија дека се случила несреќа за време на пливачкиот натпревар, изразувајќи жалење за смртта на еден од натпреварувачите и најавија дека ќе соработуваат со надлежните во истрагата.
Натпреварот беше откажан по трагедијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

