Унгарија додаде уште два медали на своето конто во петокот наутро во дисциплината маратонско пливање на 10 километри за мажи.
Кристоф Расовски е олимписки шампион, откако унгарецот ја заврши трката за 1:50,52 часа.
Тоа е негов прв медал на Игрите, а претходно беше светски првак во трката на 5 километри и европски првак во трката на 25 километри.
Германецот Олимер Клемет го освои сребрениот медал со заостанување од 2,1 секунда. Бронзениот медал го освои уште еден Унгарец – Давид Бетлехем, кој беше 16 секунди побавен од победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА