Американецот кој освои бронза се жали: „Медалот изгледа истрошено“

Нијах Хјустон, американскиот скејтбордер кој освои бронзен медал на Олимпските игри, го покажа медалот само неколку дена откако го добил. Тој нагласи дека не е квалитетен и дека изгледа истрошено.

„Медалот изгледа како да отиде во војната и се врати“, напиша тој.

„Овие медали се одлични само кога се нови. Се препотував и го носев околу вратот, моите пријатели го носеа млку викендот и сега гледам дека квалитетот не е онаков каков што мислите. Изгледа истрошено од двете страни“, рече Хјустон.

Се вчитува...