Екипата на ПСЖ го промовираше денеска еквадорскиот дефанзивец Вилијан Пачо. 22-годишниот стопер доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт за 40 милиони евра, а цената може да достигне 45 милиони, ако се исполнат некои бонуси. Тој во новиот клуб ќе го носи бројот со 51.
Пачо во Ајнтрахт Франкфурт играше само една сезона, при што направи трансфер. Тимот од Франкфурт добро ќе заработи, со оглед дека го купија за само 13 милиони од Антверпен, а сега го продаваат тројно повеќе.
„Многу сум среќен што се приклучив на ПСЖ. Се надевам дека со својот квалитет ќе придонесам за успеси и за освојување на многу трофеи“, рече Пачо.
Тој потпиша петгодишен договор со тимот од Париз, до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА