Педро Нето оди во Челси за 60 милиони фунти

Челси е во напредни преговори за ангажман на Педро Нето од Вулверхемптон, за сума од 60 милиони фунти. Тоа е уште едно скапо засилување на „сините“ на крилната позиција.

Со то Челси веќе има огромен број на играчи на крилните позиции. Тука се Стерлинг, потоа Мудрик кого го платија 100 милиони, па Мадуеке, а сега и Нето.

Нето беше исто така поврзуван и со Арсенал, но веројатно ќе се пресели во синиот дел на Лондон. Тој дојде во англискиот тим од Лацио за сума од околу 17 милиони евра, што значи дека „Волците“ за него ќе заработат повеќе од 40 милиони фунти.

Се вчитува...