Англија назначи наследник на Саутгејт, изборот е целосно изненадување

Националниот тим на Англија, назначи нов селектор на местото на Герет Саутгејт кој си поднесе оставка по ЕВРО 2024 година. Нов селектор ќе биде Ли Карсли, што за многумина претствува големо изненадување.

Карлси ќе го води тимот во Лигата на Нации, а потоа ќе се одлучува дали ќе му биде дадена шанса и низ квалификациите за пласман на идниот Мундијал.

Тој досег беше помошник во англиската селекција на последните три големи турнири.

Карсли во минатото беше дел од стручните штабови на Ковентри, Шефилд Јунајтед, Манчестер Сити и Бирмингем.

Се вчитува...