Покетино ќе биде нов селектор на САД?

Доскорашниот тренер на Челси, и поранешен на ПСЖ и на Тотенхем, Маурисио Покетино е еден од сериозните кандидати да биде селектор на САД на престојното Светско првенство кое ќе се одржи токму во оваа земја.

Аргентинецот исто така се поврзуваше и за селекторската позиција на Англија, но на крајот остана без ангажман.

САД исто така преговара и со други кандидати, и не е јасно дали Покетино би прифатил селекторски ангажман, или ќе чека понуда од некој од европските клубови каде ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...