Пролет донесе засилување од Вардар

Скопските ривали Вардар и Пролет постигнаа договор за трансферот на Тафик Бакар, кој следната сезона ќе ја мине во дресот на Пролет. Десниот бек од Тунис минатото лето пристигна во редовите на Вардар и беше под договор и за новата сезона, но Бакар со прикажаното во последните месеци не го убеди тренерот Неданоски да смета сериозно на неговите услуги за новата суперлигашка сезона.

Пролет беше во потрага по леворак бомбардер, па двата клуба постигнаа договор за Тунижанецот да се пресели во салата „Македонско Сонце“ и во новата сезона да настапува за тимот предводен од Александар Јовиќ.

Бакар е петтото засилување на Пролет за новата сезона, по Стојчевиќ, Шилегов, Глигоров и голманот Златко Даскалоски.

Се вчитува...