Динамо Загреб ја заврши потрагата по ново десно крило откако денеска и официјално беше потпишан договорот со Хуан Кордоба, 21-годишниот колумбиски фудбалер кој пристигнува од Депортиво Кали.
Кордоба влезе во последната година од договорот што придонесе и неговата цена на пазарот да биде спуштена, а челниците на Динамо реагираа најбрзо, успевајќи да го договорат трансферот за вкупно 1,8 милиони евра. Сериозен интерес за Колумбиецот покажаа и неколку клубови од МЛС-лигата, но желба на фудбалерот беше да се пресели во Европа, поради што инсистираше токму на преселба во Динамо.
Хуан Кордоба сезонава настапи на 21 натпревар во дресот на Депортиво Кали, притоа постигнувајќи шест гола и две асистенции.
„Модрите“ денеска ги израдуваа своите навивачи и со потписот на новиот договор со главниот голгетер Бруно Петковиќ, кој ќе остане на „Максимир“ најмалку до 2026 година.
Динамо Загреб во квалификациите за влез во Лигата на Шампионите ќе се бори со подобриот од двомечот меѓу Карабах и Лудогорец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА