Ќе стане ли Гвардиола селектор на Англија: Уште не знам што сакам во животот…

Англичаните изненадија многумина со изборот на Ли Карсли за привремен селектор откако досегашниот кормилр на младинската репрезентација денеска беше именуван и за предводник на А-селекцијата на „гордиот албион“ за септемвриските квалификации.

Очигледно е дека челниците на ФА не сакаат да брзат за изборот, а по најавите дека Карсли би можел да остане една година на функцијата се погласно се шпекулира дека Англичаните се тргнати во тотална офанзива по Пеп Гвардиола. Трофејниот стратег има договор со Манчестер Сити до јуни 2025, се уште тактизира околу продолжување на соработката со „граѓаните“, а Гвардиола веднаш по именувањето на Карсли се јави со изјава за најновите шпекулации што го поврзуваат како наследник на Герет Саутгејт.

„Искрено, уште не знам што сакам во живото по една година… Не можам да кажам дали сакам да останам и да продолжам со Манчестер Сити, дали ќе ми треба одмор или пак би прифатил работа како селектор на некоја репрезентација. Не ни сакам да размислувам толку далеку, возбуден сум за предизвикот пред нас, да го урнеме сопствениот рекорд со Манчестер Сити“, изјави Пеп Гвардиола.

Се вчитува...