Поранешен судија тврди: Србија е оштетена во полуфиналето против САД

Српската кошаркарска репрезентација две и пол минути ја делеа од сензација на Летните олимписки игри во Париз. Србите беа подобриот противник во најголемиот дел од натпреварот против САД, имаа предност се до 37. минута, но во финишот пресудија промашените обиди, расположените Кари и Дурент, но и судиските одлуки, вели поранешниот судија Тод Ворник.

Ворник во моментот врши стручна анализа за специјализираниот кошаркарски портал „Баскет Њуз“ за кој вели дека судиите не си ја завршиле добро својата задача и нивните одлуки влијаеле на крајниот исход на средбата.

„Постоеа некои јасни грешки во критичните ситуации во последната четвртина. Тоа не го исклучува фактот дека Србија промаши некои клучни обиди, но можеа да имаат и бенефит од некои точни судиски одлуки.

Судиите не смеат да бидат воодушевени од ѕвездите, онии кои играат. Ако направат прекршок, тогаш е прекршок, ако дадат кош тогаш дале кош. Ако не прават прекршок тогаш нема прекршок и тоа е просто. Тоа се основните работи кои не сакате да видите дека судиите ги прават. Можеа да имаат некој бенефит од подобри судиски одлуки во последната четвртина“, заклучува Ворник.

Се вчитува...