Шпанија владее во фудбалот: По европската, стигна и до олимписка круна

Шпанија го потврди епитетот на фудбалска велесила откако „црвената фурија“ нецел месец по европската круна се закити и со олимписко злато. За ривал во денешното финал во Париз ја имаше селекцијата на Франција, која и покрај поддршката на домашните навивачи на крајто беше принудена на капитулација, во супер-интересното финале што заврши со триумф на Шпанија од 5-3, по продолженија од два пати по 15 минути.

Французите први поведоа во раната фаза на мечот, но Шпанија имаше одговор, со три брзи гола до крајот на полувремето. Фермин Лопез од Барселона беше двоен стрелец стигнувајќи до шест погодоци на овој олимписки турнир, пред Баења од слободен удар да зголеми на 3-1. Французите успеаја да се вратат, па со пеналот во судиското продолжение на Матета да стигнат и до 3-3.

Дополнителните 30 минути минаа во знакот на Шпанецот Серџо Камелјо, кој најпрвин стрелаше прецизно за 4-3, а потоа во самиот финиш откако Французите тргнаа на се или ништо немаше тешка задача да ги постави конечните 5-3 во ова драматично финале.

Се вчитува...