Нов олимписки медал за Србија

Србија стигна до нов олимписки медал откако таеквондистката Александра Перишиќ вечерва се закити со сребрено одличје во категоријата до 67 килограми.

Перишиќ делуваше доминантно на патот до вечерашното финале, но овојпт немаше сили за триумф против Унгарката Вивијана Мартин. Таеквондистката од Унгарија делуваше моќно во првата рунда славејќи со 7-1, потоа во втората беше подобра со 4-2 и заслужено се закити со златното одличје.

Ова е четврт медал на ОИ во Париз, два од нив се златни, еден е сребрена, а еден е бронзен.

Ватерполистите имаат најмалку сребро во пресрет на неделното финале против Хрватска, додека кошаркарската репрезентација би можела да стигне до бронза доколку слави во утрешното мало финале против Германија.

Се вчитува...