Иман Келиф се најде во фокусот на јавноста откако противничките се жалеа дека алжирската боксерка всушност е машко и не би требало да се натпреварува во женска конкуренција. Впрочем, таа е суспендирана од Светската Боксерска Федерација, но бидејќи ова е натпреварување под капата на ИОК Алжирката доби шанса да биде дел од Олимписките Игри, користејќи ја да се закити и со златниот медал.
Келиф за противничка во големото финале вечерва ја имаше Јанг Лиу од Кина, втора носителка на турнирот, воедно и светска шампионка во бокс од 2023 година.
Сепак, Лиу на можеше да ги задржи налетите на моќната Алжирка, која ги доби сите гласови на судиите во трите рунди и заслужено се закити со златниот медал.
„Добро се чувствувам, горда сум бидејќи ова е прв олимписки медал за жена во историјата на Алжир. Доминирав, оваа победа ја посветувам на алжирскиот народ. Сакам да му порачам на целиот свет: Јас сум жена и ќе останам жена“, истакна Келиф по триумфот во полуфиналето, замолкнувајќи ги сите оние кои ја критикуваа одлуката да и биде дозволено да учествува на овие Олимписки Игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА